24фудбал

Капело смета дека на Рома не и е доволен Мурињо за успех

Големиот познавач на италијанскиот фудбал и тренер кој го подигна победничкиот трофеј во Серија А пред 20 години со „Римската Волчица“ отворено по назначувањето на Мурињо за нов тренер на италијанскиот прволигаш.

Италија

Поранешниот италијански фудбалски стратег, Фабио Капело смета дека на Рома и е потребно нешто повеќе од самото назначување на Жозе Мурињо за нов тренер за претстојната нова сезона, односно фудбалери за да се остварат зацртаните цели.

Мурињо потпиша три годишен договор со „Римската волчица“, а Капело, кој му помогна на клубот од Рим да ја освои титулата во Серија А сезоната 2000/01, како и Суперкупот на Италија истата сезона, верува дека на Рома и е потребен поквалитетен играчки кадар.

Не е доволно да ангажирате само одличен тренер за да дојдете до успех, исто така потребни ви се и фудбалери“ смета Капело.

Тој е многу престижен како тренер, доста искусен, а генерално гледано, тој е тренер кој многу добро ја познава Италија“ додава Италијанецот.

Мурињо добро се справува со комплицирани ситуации, а Рома е баш таква, се надевам дека навивачите на Рома ќе имаат можност да се радуваат на успеси под кормилото на Мурињо, успеси како што тој ги имаше во Интер“ заклучи Капело.