24фудбал

Тим билдингот со скара кај Меси донесе проблеми за Барселона

Претстојниов викенд Барселона на домашен терен го игра можеби клучниот меч сезонава во Примера против лидерот Атлетико Мадрид, кој има предност од само два бода во однос на Реал Мадрид и Барселона на четири кола до крајот на сезоната.

Шпанија

Барселона се соочува со истрага од страна на Ла Лига поради потенцијално кршење на протоколита за заштита од Ковид-19, откако првата ѕвезда на Каталонците, Лионел Меси организирал тим-билдинг.

Аргентинецот организирал тим-билдинг со скара во неговиот дом, а поканети биле сите негови соиграчи од тимот, но и нивните сопруги, со што практично е прекршена забраната од групирање на повеќе од шест лица на еден простор.

„АБЦ“ наведува дека собирот бил организиран сепак со почитување на дистанцата помеѓу присутните лица, масите биле одвоени, а собирот бил на отворен простор, а нешто слично сторија и фудбалерите на Атлетико Мадрид, меѓутоа тие го запазија главното – известување до надлежните, а со тоа се погрижија и сите протоколи да бидат опфатени на собирот, а таков не бил случајот и на собирот кај Меси.

Ова е сосема различен случај од тој претходниот со Атлетико Мадрид, тие во целост не известија за што станува збор и ни ги пружија сите детали од собирот, сите мерки беа запазени, а што се однесува пак за овој собир, ние за него дознаваме од медиумите“ вели неименуван извор од Ла Лига за „АБЦ“.

Во меѓувреме, „Марка“ извести дека фудбалерите на Барселона на собирот кај Меси извикувале „Шампиони, шампиони“, веројатно алудирајќи на очекувана титула во Примера сезонава.