24фудбал

Мурињо: Пасијата на фановите е причината поради која прифатив да бидам тренер на Рома

Жозе Мурињо ја даде првата изјава откако беше соопштено дека од следната сезона ќе биде нов тренер на Рома.

Италија

Се шпекулираше дека Сари е прв кандидат за нов тренер на римската волчица, но изненадувачки денеска Мурињо беше назначен за нов тренер на Рома.

Преговорите се случувале во екстремна тајност ако се знае дека ниту еден медиум во последниве денови не го поврза Мурињо со Рома.

Сопствениците на Рома му ветиле амбициозен проект на Португалецот кој вели дека е среќен што ќе го води римскиот клуб.

„Благодарност за фамилијата Фриедкин што ме избра да го водам овој голем клуб и да бидам дел од нивната визија“, вели Мурињо за официјалниот сајт на Рома.

„По состаноците со сопствениците и Тиаго Пинто, веднаш сфатив колку се големи нивните амбиции за Рома. Тоа е истата амбиција и движечка сила која секогаш ме мотивира, сакаме да изградиме победнички проект во престојните години“.

„Неверојатната пасија на фановите на Рома ме увери да ја прифатам работата, не можам да дочекам да стартува новата сезона“.

„Во меѓувреме, му посакувам на Пауло Фонсека се најдобро и се надевам дека медиумите ќе го прифатот тоа дека други изјави ќе давам кога ќе се преселам таму. Напред Рома!“.