24фудбал

Официјално: Македонија со 26 фудбалери ќе оди на Европското првенство

Наместо 23 како што беше досега, поради пандемијата на ковид-19, УЕФА им дозволи на репрезентациите да пријават по 26 фудбалери за настап на Европското првенство.

Македонија

УЕФА денеска ја потврди одлуката за зголемување на составите на репрезентациите на ЕП. Игор Ангеловски ќе поведе 26 фудбалари на континенталниот собир.

Сепак на натпреварите селекторите ќе имаат на располагање 23 играчи како и досега, но ќе бидат пријавени три резерви кои дополнително ќе ја чекаат шансата.

Дозволено е пред секој меч да има промена само кај голманите, а доколку селекторот се одлучи за промена на фудбалер, оној кој ќе биде избришан од списокот, веќе нема да може да настапува на турнирот.

Тоа значи дека трите дополнителни фудбалери може воопшто и да не настапат. Тие би требало да бидат користени само во случај на тешки повреди и позитивни случаеви на ковид-19.

Комплетниот список на фудбалери, 23 + 3 резерви, Ангеловски ќе мора да го соопшти најдоцна до 1 јуни.

На 29 мај играме пријателски меч со Словенија и по тој дуел се очекува селекторот да излезе со списокот на патници за Европското првенство.