24фудбал

Откриени примарните трансфер цели на Интер

Според „Газета дело Спорт“, Антонио Конте заедно со Бепе Марота веќе го скроиле планот за настап на трансфер пазарот.

Италија

Актуелниот договор на Конте со Интер истекува во јуни 2022 година. За две недели тој треба да одржи состанок со клубот на кој ќе се дефинираат идните планови.

Но според „Газета дело Спорт“, Конте и извршниот директор Бепе Марота веќе ги идентификувале фудбалерите кои сакаат да ги донесат во летниот преоден рок.

Пред се, Конте се надева дека клубот нема да му продаде ниту еден од неговите најзначајни фудбалери во тимот.

Потоа сака да се донесе нов голман. Во понеделникот Марота рече: „Хандановиќ е наш голман и капитен, но ние мора да гледаме кон иднината на секоја позиција во тимот“.

Хуан Мусо од Удинезе и Марко Силвестри од Верона се на агендата на Мората за нов голман. Тој сака да ја примени истата тактика како кога го донесе Счесни во Јувентус. Новиот голман на Интер најпрво да му биде резерва на Хандановиќ и полека да се навикнува на новата средина, а потоа да застане меѓу стативите како нов прв голман.

Интер сака ново лев бек, а цели на оваа позиција се Маркос Алонсо и Емерсон Палмери, но исто така се следи и Филип Костиќ од Ајнтрахт Франкфурт.

Конте сака и замена за Лукаку, а Един Џеко останува на листата за таа позиција, иако клубот можеби ќе сака да купи помлад напаѓач. Истото се однесува и за играч од средниот ред.

Антонио Конте е свесен дека нема да ги добие сите желби кои ќе ги посака за нови фудбалери, но исто така и во клубот се свесни дека не смеат да си дозволат да го ослабнат Интер кога тој веќе дојде до Скудетото. Па се очекува некој избалансиран настап во преодниот рок.