24фудбал

Лукас Васкез не сака да го засили ривалот на Реал Мадрид, но е подготвен да се пресели во Серија А

Според „АС“, Лукас Васкез го одбил Атлетико Мадрид, големи се шансите да се пресели во Милан доколку не го продолжи договорот со Реал.

Шпанија

Договорот на Васкез со Реал Мадрид истекува по крајот од сезоната, тој веќе може да преговара со други клубови, а веќе има понуди за трансфер.

Атлетико Мадрид му дал понуда, но тој го одбил бидејќи не сакал да се пресели во ривал на Реал.

Реал Мадрид се надева дека ќе го задржи 29-годишниот фудбалер, му нуди нов едногодишене договор со плата од 3,5 милиони евра.

Сепак тоа не е понуда која го задоволува Лукас Васкекз, се верува дека фудбалерот е блиску до преселба во Милан.

Двете страни преговараат, но договор се уште нема. Васкез бара плата од 5 милиони евра по сезона, а Милан не сака да одвои толку иако нивната понуда засега е најдобра.

„Калчомеркато“ пишува дека фудбалерот сака да се пресели во Милан и се надева дека преговорите на крај ќе завршат позитивно.