24фудбал

Манчестер јунајтед ќе ги казни навивачите кои влегоа на Олд Трафорд

Клубот дополнително ќе го навлече гневот на фановите откако соопшти дека оние кој влегле на стадионот ќе бидат казнети.

Англија

Фановите на Манчестер јунајтед протестираа против сопствениците Глејзерс, сакаат тие да си заминат од клубот.

Протестите започнаа мирно, но се претворија во насилни, дел од навивачите на Јунајтед влегоа на стадионот, па мечот против Ливерпул беше откажан.

Манчестер јунајтед ги осуди насилните протести и најави казни, тие ќе соработуваат со полицијата за да ги идентификуваат лицата кои влегоа на стадионот.

Клубот нема да ги казнува оние кои на мирен начин го искажаа своето мислење.