24фудбал

Чави го напушта Катар, ќе биде ли нов тренер на Барселона?

Поранешниот капитен на Барселона, Чави Хернандез не го продолжил договорот со катарскиот клуб Ал Сад.

Шпанија

Според медиумите од средниот исток, Чави го напушта Катар откако одбил да го продолжи договорот со Ал Сад.

Чави често се поврзуваше со тренерското столче на Барселона, тој важеше за фаворит на Хуан Лапорта.

Но, нејасно е дали Лапорта му дава поддршка на Роналд Куман или ќе преговара со Чави за нов тренер на Барселона.

Се верува дека доколку Барселона не успее да ја освои титулата во Примера, Куман би можел да заработи отказ, но во спротивно Холанѓанецот би останал на својата позиција.

Се шпекулира и дека Чави би можел да се врати во Барселона, но во некоја друга функција во клубот.

Не се исклучува ниту негов ангажман во друг клуб.