24фудбал

Северна Кореја нема да учествува во квалификациите за СП 2022

Фудбалската федерација на Северна Кореја, ја извести Азиската фудбалска федерација дека го откажува учеството во квалификациите за Светското првенство 2022 во Катар.

Останато

Во откажувањето на учеството не е наведена причината, но се претпоставува дека е поради пандемијата на ковид-19. Ионака затворената држава, дополнително се затвора кон остатокот од светот со цел да не ризикува проширување на коронавирусот.

Оваа одлука на Фудбалската федерација на Северна Кореја доаѓа на само месец по одлуката на земјата да го откаже учеството на Олимписките игри во Токио, исто така поради страв од коронавирус.