24фудбал

Вест Хем не се откажува од трката за ЛШ, Антонио донесе победа кај Барнли (ВИДЕО)

Вест Хем со пресврт победи на гостувањето кај Барнли со 2-1 и освои три бода со кои останува во трката за топ 4 позициите во Премиерлигата.

Англија

Херој на чеканите беше Антонио кој првпат оваа сезона постигна два гола на еден натпревар. Тој погоди во 21. и 29. минута.

Претходно Барнли поведе со гол на Вуд во 19. минута од мечот.

Со оваа победа Вест Хем се врати на петтата позиција со три бода помалку од Челси кој е четврти.

Претходно ВБА и Вулвс одиграа нерешено 1-1.