24фудбал

Атлетик Билбао ја откажа Севиља од трката за титулата во Примера (ВИДЕО)

Севиља ги загуби шансите за титулата во Примера откако на свој терен доживеа пораз од Атлетик Билбао со 1-0.

Шпанија

Севиља беше во фантастична серија, на осум меча по ред немаше пораз, а седум од нив беа победи. Со таа страшна форма влегоа во трката за шампионската титула, но тоа траеше до вечерва.

Со гол на Инаки Вилијамс во 90. минута, Атлетик Билбао дојде до победа од 1-0 на Санчез Писхуан.

Теоретски Севиља се уште е во игра, но реалните шанси веќе ги нема. На четири кола до крајот имаа шест бода негатива од Атлетико Мадрид и четири од Реал Мадрид и Барселона.