24фудбал

Ново сценарио за иднината на Роналдо: ЦР7 останува во Јувентус до 2022 а потоа се сели во Спортинг

Новинарот Клаудио Раимонди пренесува дека Кристијано Роналдо сака во целост да го одработи договорот со Јувентус а потоа да се врати во Спортинг Лисабон и да ја заврши кариерата онаму каде што ја започнал.

Италија

Во последно време често се пишува за иднината на Кристијано Роналдо, се говори дека летоска ќе замине од Јувентус. Шпекулациите велат дека тој е подготвен да се откаже од десетици милиони евра за одново да го облече дресот на Манчестер јунајтед, а како опција се посочува и ПСЖ.

Новинарот Клаудио Раимонди од Спортмедиасет сега излезе со ново сценарио, вели дека ЦР7 сака во целост да го одработи договорот со Јувентус и потоа со 2022 да се врати во Спортинг Лисабон.

Кристијано Роналдо ќе стави потпис на двегодишен договор со „лавовите“ и ќе ја заврши кариерата онаму каде што ја започна.