24фудбал

Валенсија му врачи отказ на Хави Гарсија по поразот од Барселона

Хави Гарсија веќе не е тренер на Валенсија, клубот реши да ја прекине соработката со стратегот.

Шпанија

На Хави Гарсија веќе подолго време му се подготвуваше отказ поради слабите резултати, вчерашниот меч против Барселона беше последен за него на кормилото на Валенсија.

„Валенсија информира дека му врачи отказ на Хавии Гарсија како тренер на првиот тим. Клубот сака јавно да му се заблагодари за неговата работа и посветеност за време на овие месеци и да му посака се најдобро во иднина. Салвадор Гонзалез Воро ќе го води првиот тим привремено“, стои во клупското соопштение.

Валенсија се поврзуваше со Жозе Мурињо веднаш откако тој доби отказ од Тотнем, но нејасно е дали Португалецот би прифатил понуда од овој шпански клуб.