24фудбал

Санчо може да си оди од Дортмунд, Халанд не

Спортскиот директор на Борусија Дортмунд, Михаел Цорк потврди дека имаат џентлменски договор со Санчо дека тој може да замине ова лето под одредени услови, но такво нешто немаат со Халанд.

Германија

Минатото лето Џејдон Санчо беше мета на Манчестер јунајтед, но Борусија Дортмунд не го пушти и покрај огромната сума што ја нудеше англискиот клуб.

Сепак тогаш му било ветено на Санчо дека по крајот на оваа сезона ќе може да си замине и клубот ќе прифати некоја од понудите кои ќе пристигнат.

„Имаме џентлменски договор со Џејдон од минатата година дека под одредени услови ќе може да си замине“, вели Цорк.

„Тој со нас е неколку години. Како и да е, таков договор немаме со Ерлинг“.