24фудбал

Рајола: Халанд го интересираат две работи

Мино Рајола во денешното интервју за „АС“ зборуваше и за неговиот клиент Ерлинг Халанд кој во моментов има и највисока цена.

Германија

Рајола вели дека Халанд размислува само на фудбалот и него го интересираат две работи.

„Халанд го интересираат две работи. Да постигнува голови. Тој е малку како Кристијано и Ибрахимовиќ, негова опсесија се головите, во позитивна смисла. Втората работа која го интересира е да освојува титули“, вели Рајола.

Тој не знае која ќе биде следната дестинација на неговиот клиент, но вели дека Реал Мадрид може да си го дозволи Халанд, тоа би било и инвестиција во иднината со оглед на возраста на фудбалерот.