24фудбал

Агентот на Левандовски не седи мирен, стапил во контакт со раководството на Баерн и доставил две барања

Медиумите од Германија пренесуваат дека агентот на Роберт Левандовски стапил во контакт со раководството на Баерн Минхен, бара напаѓачот да биде продаден или да добие нов богат договор.

Германија

Иднината на Роберт Левандовски е актуелна во последните неколку дена откако Скај Германија објави дека неколку гиганти пројавиле интерес за услугите на Полјакот а пристигнала и една конкретна понуда до Баерн Минхен.

Последните информации велат дека агентот на напаѓачот, Пини Захави стапил во контакт со раководството на „баварците“ и прашал какви се намерите. Експресно му било одговорено дека нема шанси Роберт Левандовски да биде продаден.

Но со оглед на тоа дека голгетерот наскоро ќе наполни 33 години, ова му е последна шанса за нов богат договор, па Пини Захави не седи мирен.

Агентот сака по крајот на сезоната да седне на разговори со раководството на Баерн и да одлучат како понатаму, или Роберт Левандовски ќе направи трансфер или „баварците“ на маса ќе мора да стават нов богат договор.

Во меѓувреме, АС објави дека Роберт Левандовски одново е на агендата на Реал Мадрид и „кралевите“ внимателно ја следат ситуацијата на напаѓачот.