24фудбал

Фудбалерките на мегдан со Англија, Австрија, Северна Ирска, Летонија и Луксембург

Најдобрата женска фудбалска репрезентација на Македонија ги дозна противниците за квалификациите за Светското првенство за 2023 година, кои ќе стартуваат на крајот од актуелната година.

Македонија

Нашите фудбалерки се најдоа во квалификациската група „Д“ во друштво на селекциите на Англија, Австрија, Северна Ирска, Летонија и Луксембург.

Директен пласман на Мундијалот во Австралија и Нов Зеланд обезбедуваат само првопласираните репрезентации од сите групи, додека второпласираните пак предвидено е да играат бараж, кој пак е предвиден да се одржи во октомври идната година.

Во квалификациите инаку учество ќе земат рекордна бројка од 51 репрезентација, поделени во шест групи од по шест тимови, а квалификациите стартуваат од септември годинава, а завршуваат истиот период идната година, по што ќе следи плејоф рундата.