24фудбал

Марсело ќе плати 20.000 евра за да игра против Челси

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан потврди дека Марсело ќе мора да биде на гласачки кутии во вторник, но и покрај тоа Бразилецот ќе биде во комбинација за дуелот против Челси во среда.

Лига на Шампиони

Пред неколку дена, медиумите од Шпанија пренесоа дека Марсело би можел да го пропушти реваншот со Челси во полуфиналето од Лигата на шампиони бидејќи Бразилецот во вторник мора да биде на гласачки кутии на локалните избори во Мадрид.

„Кралевите“ имаа право на жалба, но не успеаја да го ослободат од обврските. Зинедин Зидан попладнево соопшти дека левиот бек ќе биде дел од избирачкиот одбор и во целост ќе си ги изврши задачите.

Сепак, Марсело ќе биде во комбинација за пресметката во Лондон, тој со приватен авион ќе отпатува во престолнината на Англија. Според пишувањето на АС, една ваква авантура чини 20.000 евра.

„Тоа е што е. Тој ќе ја исполни својата должност. Во среда ќе биде со нас“ – рече Зинедин Зидан на денешната прес конференција.