24фудбал

Алегри виден во Торино но новинар најавува шокантно сценарио: Конте се враќа во Јувентус?!

Макс Алегри вчера бил забележан во Торино и ги подгреа гласините за превземање на коромилото на Јувентус, но новинарот Паоло Баџиџа говори за шокантно сценарио и враќање на Антонио Конте.

Италија

Се погласни се шпекулациите дека Андреа Пирло ќе добие отказ и Макс Алегри се посочува како прв кандидат за нов тренер на Јувентус. Макс Алегри синоќа бил забележан во Торино и тоа само ги подгреа гласините дека одново ќе го превзеде кормилото на „старата дама“.

Но новинарот Паоло Барџиџа говори за шокантно сценарио и враќање на Антонио Конте.

„Пирло ќе замине без разлика како ќе зaврши сезоната. Алегри е реална опција, но внимавајте на Конте“ – вели Барџиџа.

Антонио Конте е на прагот да ја прекине доминацијата на Јувентус од девет титули во низа и на Интер да му го донесе Скудетото, но стратегот често имаше недоразбирања со раководството околу трансфер потезите и играчите кои му се носат, па во неколку наврати се пишуваше за негово заминување од Милано.