24фудбал

За Мурињо нема зима, „специјалниот“ веднаш најде нова работа, и тоа не една, дури ТРИ!

Жозе Мурињо ќе има полни раце работа летово, „специјалниот“ најде нови три ангажмани, ќе биде стручен коментатор за ТокСпорт на ЕВРО 2020 и ќе пишува колумни за весниците Сан, Тајмс и Сандеј Тајмс.

Останато

Жозе Мурињо пред две недели доби отказ од Тотнем, но очигледно нема долго да седи без работа. „Специјалниот“ си најде дури три тезги за летово и ќе биде прилично активен за време на Европското првенство.

Португалецот прифатил да биде стручен коментатор за ТокСпорт на ЕВРО 2020, ќе дава мислења, анализи и критики за трите натпревари на Англија од групата, ќе одработи еден меч од осминафиналето, два од четвртфиналето, еден од полуфиналети а ќе го работи и финалето.

Ова нема да биде неговиот единствен ангажман, тој ќе пишува колумни за весниците Сан и Тајмс, како и Сандеј Тајмс.