24фудбал

Дел Пјеро побара од Гвардиола да го научи нешто околу тактиките, веднаш доби одговор

Манчестер Сити е со една нога во големото финале од овосезонската Лига на шампиони откако во првиот меч славеше кај ПСЖ со 1-2, а победата „Граѓаните“ ја извојуваа со пресврт на резултатот.

Лига на Шампиони

Шефот на стручниот штаб на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола се пошегува со италијанската фудбалска легенда Алесандро Дел Пјеро по победата кај ПСЖ со 1-2 во првиот меч во полуфиналето од Лигата на шампионите.

Поранешната ѕвезда на Јувентус го праша Гвардиола дали би можел да дојде да научи нешто од него во поглед на тактиките во фудбалската игра, на што веднаш доби и одговор од него.

Кога ќе имаш некој слободен ден за да дојдам и да ме научиш?“ го праша Дел Пјеро предводникот на „Граѓаните“, а веднаш доби и одговор од него.

Ајде да го направиме тоа, јас да дојдам во Италија, ми недостасува многу пастата“ му одговори Гвардиола, кој инаку во својата кариера настапуваше и за италијанскиот клуб Бреша.