24фудбал

„Л’Екип“ го стави Мбапе на „магарешка клупа“ за неговите перформанси против Сити (ФОТО)

Францускиот весник немаше милост кон младиот фудбалер кој беше непрепознатлив во дуелот со „Граѓаните“ синоќа кои славеа со пресврт среде француската престолнина.

Лига на Шампиони

ПСЖ иако имаше водство против Манчестер Сити од 1-0, сепак на крајот загуби со 1-2, и со тој негативен резултат ќе патува на реваншот на Островот во полуфиналето од Лигата на шампионите.

Ѕвездата на ПСЖ, Килијан Мбапе доби оценка 3/10 од „ЛЕкип“ за неговите перформанси против „Граѓаните“, а тоа е воедно најниската оценка општо од сите фудбалери на синоќешниот меч која ја додели францускиот весник.

22 годишниот напаѓач беше неверојатно добар претходниот двомеч против Баерн Минхен во четвртфиналето, меѓутоа против Манчестер Сити не успеа да регистрира ниту еден обид кон противничкиот гол.

Мбапе синоќа беше толку очаен на теренот што дури запиша и помалку допири со топката (30) од голманот на „Граѓаните“, Едерсон (31).

Најдобрите перформанси на мечот во Париз според оценките на весникот инаку добија Маркињос кај домаќините со 7/10, односно Де Брујне и Марез идентично кај Манчестер Сити.