24фудбал

„Реал плати 160 милиони за Азар, го направи „галактико“ а тој наместо во живтона форма им дојде дебел!“

Поранешниот фудбалер на Челси, Демјан Даф упати критики на адреса на Еден Азар, вели дека фудбалерот од Белгија не е професионалец па наместо во животна форма, се појавил дебел на првиот тренинг на Реал Мадрид.

Шпанија

Еден Азар пред две години си го оствари сонот, потпиша за Реал Мадрид и започна соработка со својот идол Зинедин Зидан. Но работите не одат според планот, фудбалерот од Белгија мака мачи со повредите и никако да го прикаже најдоброто од себе.

Поранешниот фудбалер на Челси, Демјан Даф вели дека причина за ваквиот развој на настаните е непрофесионалноста на фудбалерот.

„Треба да биде загрижен. Има 30 години, главен адут му е продорот, брзиот дриблинг, а сите знаеме што се случува по 30-та година, одите само надолу. Никогаш не бил топ професионалец, никогаш ја немал мотивацијата на Меси и Роналдо“ – вели Даф, кој освои две титули во Премиерлигата со „сините“.

„Реал Мадрид плати 160 милиони евра за него, го направи „галактико“ а тој се појави на првиот тренинг со плус килограми, дебел, кажете како сакате. Можете да го правдата и да велите дека во текот на целата кариера имал проблем со килограмите. Но кога ќе потпишете за Реал Мадрид, кога за вас ќе платат 160 милиони евра, морате да се појавите на првиот тренинг во животна форма“.

„Имаше 11 повреди, и за да се врати во старата форма по толку многу проблеми, мора да биде голем професионалец“.