24фудбал

Меси ќе остане во Барса за двојно помала плата, но ќе добива пари од „каталонците“ и кога ќе игра во МЛС

Според пишувањата на ТВ3, Жоан Лапорта минатата недела имал продуктивен состанок со таткото на Лео Меси, конкретна понуда не е доставена но планот е Аргентинецот да добие десетгодишен договор.

Шпанија

Лео Меси е блиску до останување во Барселона, ова го пренесе ТВ3. Извештајот вели дека Жоан Лапорта минатата недела седнал на ручек со таткото на Лео Меси, Хорхе.

Двајцата имале продуктивен состанок, Жоан Лапорта објаснил каква е ситуацијата а Хорхе Меси покажал разбирање за тешките времиња низ кои минуваат „каталонците“.

Конкретна понуда не била доставена, Жоан Лапорта треба да направи детална ревизија на сметките, да ја утврди точната состојба, па дури потоа на маса да стави предлот до Аргентинецот.

Се шпекулира дека Барселона планира да ја примени формулата и операцијата од пред четири години, кога капитенот на кошаркарскиот тим, Хуан Карлос Наваро доби десетгодишен договор.

Лео Меси ќе треба да одигра уште две години во Барселона во кои ќе заработува двојно помалку од сегашните 50 милиони евра по сезона, за потоа да се пресели во МЛС лигата, каде ќе продолжи да добива плата од Барселона и ќе има улога на амбасадор. Откако ќе заврши со авантурата во САД и ќе стави крај на кариерата, Аргентинецот ќе се врати на Камп Ноу и ќе стане дел од раководството, односно ќе извршува улога во спортскиот дел на клубот.