24фудбал

Георгина е во Париз, дали Роналдо се сели во ПСЖ? (ФОТО)

Свршеницата на Кристијано Роналдо, се сликаше како пристигнува во Париз, а дел од медиумите тоа го поврзаа со трансфер на Португалецот во францускиот клуб.

Франција

Иднината на Роналдо е неизвесна, чести се шпекулациите дека ќе ја промени средината по крајот на сезоната, а една од неговите можни дестинации е ПСЖ.

Прв пик на ПСЖ е Меси, но како што стојат работите Аргентинецот е поблиску до продолжување на договорот со Барселона отколку до заминување од Камп Ноу.

Па следна ѕвезда која може да ја купи ПСЖ е Кристијано Роналдо.

Со ангажман на Роналдо, ПСЖ би сакал да покаже амбиција и да ги убеди Нејмар и Мбапе да стават потписи на нови договори.

Мбапе е фан на Роналдо, па ако раководството му обезбеди да игра со него, се верува дека тој ќе остане во ПСЖ.

Шпекулациите дека ова може да се случи дополнително ги подгреа свршеницата на Роналдо, Георгина Родригез која синоќа објави фотографија како од приватен авион се симнува во Париз.

Можеби таа е таму да го одбере новиот дом за семејството, а можеби поради скроз друга причина.