24фудбал

Верати му рекол на Гвардиола да замолчи!

Според коментаторот на Скај Спорт Италија, Марко Верати во текот на првото полувреме му се развикал на Гвардиола велејќи му да замолчи.

Лига на Шампиони

Инцидентот се случил во текот на првото полувреме кога Верати направи остар старт.

Гвардиола побарал од судијата Италијанецот да добие картон, а Верати кога го слушнал тоа му се развикал.

„Што сакаш? Замолчи!“, му рекол Верати на Гвардиола.

Тоа го тврди и италијанскиот новинар Танкреди Палмери.