24фудбал

Де Брујне: Голот што го дадов не е лесно да се одбрани, голманот секогаш мисли дека некој ќе ја удри топката

Кевин Де Брујне е задоволен од победата над ПСЖ, вели дека тоа бил меч со две полувремиња.

Лига на Шампиони

Сити одигра одлично второ полувреме и со пресврт дојде до победа над ПСЖ од 2-1.

„Ова беше меч со две различни полувремиња. Почнавме добро во првите десет минути, но тие се неверојатен тим. По 25 минути се подобривме. Но второто полувреме беше многу, многу подобро“, вели Де Брујне.

„Во првиот дел премногу брзавме, тоа не е нашата игра. Во второто полувреме многу потрпеливо баравме простор и мислам дека го направивме тоа. Прогресот кој го направивме како тим беше добар“.

„Израмнувачкиот гол беше тежок за голманот затоа што тој секогаш очекува некој да ја допре топката. За вториот гол, Ријад ме праша дали може да го изведе слободниот, и постигна гол“.