24фудбал

Манчестер Сити со победа се враќа од Париз, ПСЖ е пред елиминација (ВИДЕО)

Манчестер Сити со 2-1 го победи ПСЖ на негов терен и направи крупен чекор кон финалето од Лигата на шампионите.

Лига на Шампиони

ПСЖ не успеа да го искористи домашниот терен, ја загуби првата полуфинална битка против Манчестер Сити која добро ја почна.

Францускиот тим беше одличен во првото полувреме, а во 15. минута со гол на Маркињос со глава дојдоа до водство од 1-0.

Но во второто полувреме се променија работите, Манчестер Сити заигра многу подобро, ПСЖ беше во подредена улога.

Во 64. минута Де Брујне се обиде да нафрли, но топката влезе во голот на Кејлор Навас за израмнување на 1-1.

Само седум минути подоцна Махрез од слободен удар погоди за комплетен пресврт и водство на Сити од 2-1, живиот ѕид направи дупка.

ПСЖ прими два гола какви што не смее да си дозволи тим кој има цел да ја освои Лигата на шампионите.

Дополнителен пех беше црвениот картон на Геј во 77. минута од мечот, домаќините последните минути ги играа со десет фудбалери.

Во реваншот на 4. мај Манчестер Сити ќе излезе со предност, ПСЖ ќе има тешка задача против супериорниот англиски тим.