24фудбал

Навивачите на ПСЖ знаат како да ги мотивираат фудбалерите (ВИДЕО)

На францускиот првак воопшто нема да му биде лесно против составот на „Граѓаните“ кој изобилува со квалитет на сите страни, меѓутоа навивачите на ПСЖ чувствуваат успех сезонава.

Лига на Шампиони

Во француската престолнина сее во ритамот на фудбалот вечерва, ПСЖ на домашен терен против Манчестер Сити го игра првиот меч против Премиерлигашот во полуфиналето од Лигата на шампионите, а фудбалерите на францускиот првак ја добија неопходната поддршка од навивачите.

Навивачите на ПСЖ приредија еден спектакуларен пречек за фудбалерите пред арената „Паркот на Принцевите“ во Париз и на преубав начин ги испратија во битката на теренот против „Граѓаните“.