24фудбал

Фудбалерите на Рома добија спектакуларно испраќање за Манчестер од своите навивачи (ВИДЕО)

Изјавата на предводникот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солшер дека не ја познава добро Рома како екипа ги мотивираше навивачите на италијанскиот прволигаш да постават и посебни транспаренти низ Рим каде на истите беше и норвешкиот фудбалски стратег.

Лига Европа

Фудбалерите на Рома беа испратени од своите навивачи во една атмосфера налик на освоена титула, а не како за првиот меч кај Манчестер јунајтед во Лига Европа, меѓутоа позадината на сево ова е повеќе од јасна.

Во пресрет на мечот, Солшер изјави дека нема големо познавање за Рома, по што навивачите на „Римската волчица“ почнаа да поставуваат и транспаренти низ Рим како мотивација за фудбалерите со порака „погрижете се да не запомнат“, а на истите беше Солшер.

Како и да е, навивачите на Рома приредија спектакуларно испраќање на своите омилени фудбалери за утревечерниот меч на Островот и покажаа колку им значи овосезонски успех во второто по ранг европско клупско натпреварување.

Инаку „Римската волчица“ нема освоено ниту еден трофеј од 2008 година па наваму, последен пат тоа го стори во Копа Италија, а на меѓународен план, тоа се случи во далечната сезона 1960/61 по победата над Бирмингем на Европскиот Фер Куп, налик на сегашната Лига Европа.