24фудбал

Македонците „стрелаа“ во Турција: Два гола на Аврамовски, еден на Јаховиќ (ВИДЕО)

Македонските интернационалци Аврамовски и Јаховиќ денеска беа посебно расположени во настапите за Кајсериспор, односно Гезтепе.

Македонија

Даниел Аврамовски постигна два гола за Кајсериспор во денешната победа од 6-3 над Денизлиспор на домашен терен, а македонскиот интернационалец најпрво погоди во 26 минута за 2-0, а во самиот финиш на првото полувреме погоди и за 3-1.

За 26 годишниот Аврамовски ова беа првите погодоци сезонава во дресот на турскиот прволигаш по 20 одиграни натпревари. Со оваа победа Кајсериспор е вон опасната зона за испаѓање, односно со само бод предност од истата.



Расположен за игра денеска беше и нашиот напаѓач Адис Јаховиќ кој го постигна единствениот гол на Гезтапе во ремито од 1-1 на домашен терен против Трабзонспор, откако погоди во самиот финит на првото полувреме за почетно водство на домаќините.

За 34 годишниот Јаховиќ денешниот гол беше вкупно петти сезонава во дресот на Гезтепе каде запиша 15 настапи. Гезтепе е сигурен на самата средина од табелата во турската Суперлига без никаква опасност за испаѓање.