24фудбал

Марсело го пропушта реваншот против Челси, мора да биде на гласачки кутии во Мадрид

Марсело би можел да го пропушти реваншот на Реал против Челси во Лигата на шампиони поради интересна причина, левиот бек треба да биде дел од избирачки одбор на локалните избори во Мадрид.

Лига на Шампиони

Зинедин Зидан оваа сезона имаше големи проблеми со повреди и позитивни на ковид-19 а во пресрет на реваншот (5. мај) со Челси во полуфиналето од Лигата на шампиони, Зинедин Зидан се соочува со нов проблем.

Марсело би можел да го пропушти гостувањето во Лондон бидејќи треба да биде на гласачки кутии во Мадрид (4. мај). Бразилецот од 2011 има и шпанско државјанство, па сега добил повик да биде дел од избирачкиот одбор за локалните избори.

Фудбалерот треба да се пријави на должност во 8 часот наутро, и ќе остане на избирачкото место се до крајот, кога ќе се избројат гласовите, односно 21 или 22 асот.

Реал Мадрид има можност да поднесе жалба и да се обиде да го ослободи Марсело од обврските со оправдание дека левиот бек треба да игра против Челси.

Исто така, Бразилецот би можел сам со приватен лет да отпатува во Лондон на 5. мај, денот на натпреварот и да им се придружи на своите соиграчи.