24фудбал

Борец го победи Вардар, црвено-црните се пред испаѓање од ПМФЛ

Борец со 2-0 го победи Вардар во директен дуел за опстанок, на дуелот меѓу Работнички и Шкендија имаше дури осум голови, новиот шампион славеше со 5-3.

Македонија

Вардар минатата сезона ја освои шампионската титула, а голема е веројатноста во оваа да испадне од Првата лига и следната сезона да ја помине во второлигашкото друштво.

Во директен дуел за опстанок, денеска во Велес, Вардар загуби со 2-0 од Борец. Домаќините беа подобар противник и заслужено победија.

Мишов во 15. минута погоди за водство на Борец од 1-0, а конечните 2-0 ги поств Адили на десет минути пред крајот.

Дури осум голови беа постигнати на мечот меѓу Работнички и Шкендија, гоститие победија со 5-3.

Работнички поведе со гол на Марио Станковски уште во втората минута, но со голови на Да Силва и Хебај, Шкендија направи комплетен пресврт. Домаќините преку Ѓурѓевиќ израмнија на 2-2, но Нафиу и Алими реализираа за предност на Шкендија од 4-2. Кога се чинеше дека тоа ќе биде и конечниот резултат, Јевтоски постигна гол за Работнички, а Ибраими за Шкендија за конечни 5-3.

Македонија ЃП со 3-0 го победи Пелистер, Росон Да Силва, Божиновски и Фернандињо ги постигнаа головите.

Струга ТЛ која е конкурент на Македонија ЃП за Европа, одигра само 0-0 на свој терен против Шкупи.

Академија Пандев и Ренова одиграа 1-1. Миловановиќ погоди за водство на Струмичани од 1-0, Селмани ја спаси Ренова од пораз.

Силекс со 3-1 ја совлада Беласица во Струмица. Ѓоргиев, Манасиевски  Штерев беа стрелци за кратовскиот тим, Демеир погоди за Беласица.


Табела по 30. коло:

1. Шкендија 71

2. Шкупи 56

3. Македонија 51

4. Струга ТЛ 48

5. Работнички 41

6. Пелистер 38

7. Борец 36

8. Силекс 35

9. Академија Пандев 35

10. Ренова 32

11. Вардар 31

12. Беласица 17