24фудбал

Дали Захави ќе го остави Баерн без уште една ѕвезда? Неколку гиганти од Европа се интересираат за Левандовски

Скај Германија пренесува дека неколку гиганти од Европа пројавуваат интерес за услугите на Роберт Левандовски, пристигнала и една конкретна понуда до Баерн Минхен.

Германија

Пини Захави веќе ги остави „баварците“ без Давид Алаба, но агентот може да им создаде дополнителна главоболка на лидерите на Баерн Минхен.

Како што пренесува Скај Германија, Пини Захави стапил во контакт со гигантите од Европа и го понудил напаѓачот. Интерес за услугите на Полјакот пројавиле неколку клубови, а пристигнала и една конкретна понуда.

„Скај“ додава дека во моментов нема доволно информации за имињата на клубовите кои го сакаат да го ангажираат Роберт Левандовски, но додава дека летоска ќе има голем интерес за „9-ка“ и ваков профил на играч ќе бараат Манчестер јунајтед, Челси, Барселона, Реал Мадрид па и Тотнем во зависност од тоа што ќе се случи со Хари Кејн.

Роберт Левандовски има договор до 2023, нема откупна клаузула, па ќе биде потребна голема сума за Баерн Минхен да прифати продажба на својот најдобар стрелец.