24фудбал

Гвардиола: Од Јохан Кројф научв дека треба да уживаш во играта, да уживаш во одговорноста

Вечерва се игра второто полуфинале во Лигата на шампионите, ПСЖ го пречекува Манчестер Сити.

Лига на Шампиони

ПСЖ и Манчестер Сити вечерва во Париз ја почнуваат битката за финалето од Лигата на шампионите.

„ПСЖ играл против тимови кои се бранеле 90 минути и наоѓале начин да поситгнат гол. Не е најдобар начин да се браните против тим кој има се. Ги знам оружјата кои ги имаат во нападот, но ова е полуфинале во Лигата на шампионите, што може да очекувате? Нема да играм 90 минути размислувајќи колку добар фудбалер е тој или оној, туку како да ги победиме. Од Јохан Кројф научив да уживам во натпреварот, да уживам во одговорноста. Врвните фудбалери уживаат во ситуациите бидејќи тие уживаат во одговорноста, затоа најголемите фудбалери го освојуваат ова натпреварување“, вели Пеп Гвардиола.