24фудбал

Човекот кој го најави трансферот на Нејмар открива: ПСЖ на Меси му понуди договор од кој боли глава

Новинарот Марсело Бешлер пренесе дека ПСЖ тргнал во офанзива по потписот на Лео Меси, „светците“ на маса ставиле договор 2+1 и плата од која боли глава.

Франција

ТНТ Спортс Бразил објави дека ПСЖ се обидува да го заведе Лео Меси и да го донесе Аргентинецот на „Паркот на принцовите“. Марсело Бешлер, кој прв го најави трансферот на Нејмар во Париз, пренесе дека „светците“ на маса ставиле двегодишен договор со опција за додатни 12 месеци.

Суми не се откриваат, но новинарот вели дека понудата е боли глава и Аргентинецот сигурно добро ќе размисли за својата иднина.

ПСЖ верува дека Барселона не е во можност да му понуди таква плата на Лео Меси, а смета дека и нивниот проект е подобар од оној на „каталонците“ па имаат добри шанси да потпишат со напаѓачот.

Лео Меси, кој ги одработува последните месеци од договорот со Барселона, најави дека ќе одлучи за својата иднина по крајот на сезоната.