24фудбал

Зидан: Задоволни сме, на реваншот одиме на победа

Зинедин Зидан е задоволен од играта на неговиот тим по дадениот гол, вели дека Челси е силен и затоа е во полуфиналето, на реваншот целта е победа.

Лига на Шампиони

Реал Мадрид не го искористи домашниот терен, одигра 1-1 против Челси, па во Лондон ќе треба да победи или да одигра реми со повеќе голови.

„Бевме многу подобри во второто полувреме. Бевме многу поорганзирани. Тие мечот го почнаа силно и брзо, но на крајот мислам дека резултатот е фер“, вели Зидан.

„Сакавме да притиснеме високо еден на еден, но беше тешко. Откако постигнавме гол, бевме подобри, повеќе ја контролиравме играта Во живот сме, во вториот меч одиме на победа. Генерално среќни сме како заврши мечот вечерва“.

„Знаеме дека тие се добри во противничката половина, дека се конкурентен тим и не примаат многу голови. Поради тоа се и во полуфинале“.