24фудбал

Официјално: Нагелсман од следната сезона ќе биде тренер на Баерн Минхен

Баерн Минхен и официјално потврди дека Јулијан Нагелсман од следната сезона ќе биде нивниот нов тренер, а договорот со Ханси Флик ќе биде раскинат.

Германија

Гласините се остварија, Нагелсман по крајот на оваа сезонаа се сели во Минхен и го презема кормилото на Баерн.

„Баерн Минхен го именуваше Јулијан Нагелсман за свој нов тренер. 33-годишниот стратег роден во Баварија, ќе дојде до Минхен од Лајпциг од 1 јули 2021 година, пред новата сезона. Тој потпиша петгодишен договор“, стои во соопштението на Баерн Минхен.

„Ова доаѓа откако Баерн Минхен се договори со тренерот Ханси Флик по негово барање да биде раскинат договорот“.

Ханси Флик веројатно ќе стане нов селектор на Германија.