24фудбал

Тепачка меѓу Македонци и Хрвати во Австралија по фудбалски натпревар (ВИДЕО)

По фудбалски натпревар во Австралија, на југот од Синдеј, дошло до голема тепача меѓу навивачите, се работи за македонски и хрватски фанови.

Македонија
Мечот бил меѓу Рокдал Илинден кој важи за македонски клуб во Австралија, и Сиднеј јунајтед 58 кој е клуб на хрватското малцинство во оваа земја.
 
Австралиските медиуми јавуваат дека по натпреварот, од засега непознати причини дошло до голема тепачка меѓу навивачите на двата тима. Тие едни кон други фрлале разни предмети.
 
Полицијата го истражува случајот, неколку од навивачите се уапсени, а тројца завршиле во болниица со полесни повреди.
 
Видеа од непријатните сцени по мечот се појавија и на социјалните мрежи.