24фудбал

Несторовски: Патот е тежок, но ќе се борам, жал ми е што нема да играм на ЕП

Македонскиот напаѓач Илија Несторовски нема да биде дел од Европското првенство откако денеска му беше направена операција на вкрстени лигаменти на колено.

Македонија

Пред Несторовски е долга пауза, веројатно тој нема да може да игра до крајот на 2021 година. Но најголемиот пех е што нема да настапи за Македонија на првото Европско првенство во историјата.

Напаѓачот се јави од болница, изрази благодарност до сите кои му даваат поддршка и вети дека ќе се врати посилен од било кога.

„Жал ми е, но сум подготвен да станам и да се борам. За жал, оваа повреда нема да ми дозволи да играм на Европското првенство со Македонија, на што бев многу желен. Но, ќе дадам се од себе и ќе го победам овој предизвик и ќе се вратам посилен од порано. Сакам да им се заблагодарам на моето фантастично семејство, на соиграчите, пријателите и навивачите кои ми напишаа и ме натераа да се чувствувам сакан повеќе од кога било во ова тешко време. Благодарност и до професорот Маријани и неговиот тим.  Патот е тежок, но јас сум подготвен“, напиша Несторовски на социјалните мрежи.