24фудбал

Лоши вести од Рим, Несторовски нема да игра на Европското првенство!

Македонскиот напаѓач, Илија Несторовски ќе мора да оди на операција на коленото поради што ќе го пропушти историскиот настап на Европското првенство.

Македонија

Несторовски денеска бил на преглед во Рим кај професорот Маријани, а дијагнозата е најлошата која можел да ја слушне.

Напаѓачот ќе мора да направи операција на вкрстените лигаменти на коленото за што рехабилитацијата е најмалку шест месеци. Тоа значи дека тој нема да биде дел од Европското првенство.

Несторовски се повреди пред три дена на тренинг на Уднезе. За него сезоната е завршена, а ќе пропушти и добар дел од следната.