24фудбал

Шкендија е нов шампион на Македонја

Шкендија со пресврт го победи Борец со 3-1 и по четврти пат стана шампион на Македонија.

Македонија

Шкендија по третпат во последните четири години ја освои шампионската титула во македонското првенство, вкупно четврти пат.

Тетовскиот тим оваа сезона на убедлив начин дојде до трофејот, речиси и да немаше конкуренција. На моменти Шупи се закнуваше, но Чаирчани не ја издржаа трката до крај.

Борец во 13. минута со автогол на Бејтулаи дојде до водство од 1-0, Шкендија се разбуди во второто полувреме кога за седум минути успеа да постигне три гола и да дојде до победата, Мурати погоди во 62. минута, Ибраими во 65. и Хебај во 69.

Шкендија првпат во 2011 година беше шампион, а потоа во 2018, 2019 и сега 2021. Тие се израмнија по бројот на титули со Работнички кои имаат по четири, далеку најдобар е Вардар со 11 трофеи во ПМФЛ и еден во СФРЈ.

А Вардарци сега се борат за опстанок и денеска дојдоа до триумф од 1-0 над Беласица со кој ги задржаа шансите за спас, Крстевски во 31. минута беше стрелецот на единствениот гол.

Интересно беше во Ѓорче Петров каде Струга Трим Лум со 3-2 ја победи Македонија во дуел кој беше директна пресметка за третото место. 

Домаќините поведоа од пенал во 41. минута со гол на Да Силва, следуваше фуриозен финиш. Алтипармаковски во 84. од пенал израмни на 1-1, а Босанчиќ во 90. погоди за 2-1 за Струга ТЛ.

Во втората минута од судиското продолжение Алексовски даде убав гол за израмнување на 2-2, но во 95. минута беше досуден нов пенал за гостите кој го реализираше Алтипармаковски за победа од 3-2.

Пелистер со гол на Гудијаби во првото полувреме ја совлада Ренова со 1-0.

Шкупи со погодоци на Цветаноскки и Исени дојде до триумф од 2-0 над Работнички.

Вчера Силекс со 3-2 беше подобар од Академија Пандев.


Табела по 29. кола

1. Шкендија 68

2. Шкупи 55

3. Македонија ЃП 48

4. Струга ТЛ 47

5. Работнички 41

6. Пелистер 38

7. Академија Пандев 34

8. Борец 33

9. Силекс 32

10. Ренова 31

11. Вардар 31

12. Беласица 17