24фудбал

Ал Келаифи стана претседател на ЕКА на местото од Ањели

Претседателот на ПСЖ, Насер Ал Келаифи е избран за нов претседател на Европската клупска асоцијација.

Франција

Андреа Ањели како претседател на ЕКА (Европска клупска асоцијација) цело време со Александер Чеферин работеше на рефеормите во Лигата на шампионите, но наеднаш си поднесе оставка и стана потпретседател на Суперлигата која издржа само 48 часа.

Клубовите веднаш изгласаа нов претседател, па на местото на Ањели сега е Насер Ал Келаифи.