24фудбал

Пандев: Среќен сум, не очекував дека ќе постигнам 100 голови!

Горан Пандев вели дека е среќен поради јубилејот 100 голови во Серија А, не очекувал дека ќе даде толку многу бидејќи не е прв напаѓач по позиција.

Македонија

Горан Пандев денеска даде два гола во ремито меѓу Џенова и Беневенто од 2-2. Нашиот фудбалер со овие погодоци дојде до 100 гола во Серија А.

„Среќен сум и не очекував дека ќе дадам толку многу голови бидејќи не играм на позиција прв напаѓач. Многу сум среќен, бидејќи овој рекорд го постигнав во дресот на најстариот тим во Италија“, изјави Пандев по мечот.

„Но ова се мечеви кои треба да ги побоедуваме. Двапати израмнувавме, мислев дека ќе победме, но Беневенто се бранеше добро. Се уште не сме безбедни, сега треба да ги наполниме батериите и во сабота имаме нова битка за опстанок“.

Што се однесува до иднината, Пандев се уште не е сигурен дека ќе се пензионира.

„Не знам, сега е најважно да обезбедиме опстанок, потоа ќе зборувам со претседателот и директорот. Мојата идеја е да се пензионирам по крајот на Европското првенство, но физички сум добар. Ќе видиме по крајот на ЕП“.