24фудбал

Солшер го означи Џеко како главна опасност, но се надева на пласман во финалето

Норвежанецот се произнесе околу следниот противник кој стои како пречка на „Црвените ѓаволи“ на патот до финалето од овосезонската Лига Европа, искажа почит за италијанскиот прволигаш и наведе од каде доаѓа најголемата опасност.

Лига Европа

Шефот на стручниот штаб на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солшер смета дека пресметката со Рома во полуфиналето од Лига Европа е соодветна европска фудбалска пресметка.

Рома го елиминираше Ајакс во четвртфиналето, а Манчестер јунајтед пак Гранада, со тоа што обете победнички екипи закажаа двобој во полуфиналната рунда од ова натпреварување.

Не видов нешто премногу од Рома, знам дека одиграа два добри натпревари против Ајакс, се бранеа добро, а тоа италијанските екипи секогаш добро го прават, сите го знаеме Един Џеко, така, секоја топка во нашиот казнен простор е доста опасна ситуација“ издвои предводникот на „Црвените ѓаволи“.

Едвај го чекаме полуфиналето, тоа ќе биде соодветна европска пресметка бидејќи Рома е клуб со богата историја зад себе, а ние имавме добри резултати против италијанските екипи претходно“ додаде Норвежанецот.

Се надеваме на пласман во финалето, доколку ја завршиме сезоната со трофеј тоа би било одлично“ заклучи Солшер.