24фудбал

Без изненадување во Лига Европа, фаворитите обезбедија полуфинале (ВИДЕО)

Рома, Манчестер јунајтед, Арсенал и Виљареал ќе играат во полуфиналето од Лига Европа, немаше изненадувања во четвртфиналните реванши.

Лига Европа

Динамо Загреб не успеа да направи чудо во Шпанја, Виљареал го доби и реваншот, овој пат славеа со 2-1. Адеми одигра цел меч, Ристовскки настапи до 62. минута кога беше заменет.

Виљареал со голови на Алкасер и Морено, имаше водство со 2-0 по првото полувреме, на 15. минути до крајот на мечот Оршиќ намали на 2-1, но тоа беше се што направи хрватскиот тим.

Виљареал во полуфиналето ќе игра против Арсенал кој со 4-0 славеше над Славија Прага. 

Пепе и Сака постигнаа по еден гол за топчиите, Лаказет беше стрелец на два погодоци.

Рома и Ајакс одиграа нерешено 1-1, римската волчица благодарение на победата во Амстердам оди во полуфинале.

Ајакс поведе со гол на Броби во 49. минута, а седум минути подоцна Тадиќ даде гол кој им беше поништен поради фаул. Во 72. минута Џеко изедначи на 1-1 по една одлична акција на Калафиори.

Рома во полуфиналето ќе игра против Манчестер јунајтед кој по вторпат со 2-0 ја побед Гранада.

Кавани уште во шестата минута постигна гол за водство на Јунајтед од 1-0. Во 90. минута Ваљехо си постигна автогол за 2-0.