24фудбал

Нојер: Требаше да обезбедиме подобар резултат во Минхен

Голманот на Баерн Минхен вели дека е тешко да се победи силен тим како ПСЖ со два гола разлика на негов терен.

Лига на Шампиони

Баерн Минхен ја остави круната во Париз, Лигата на шампионите ќе добие нов првак.

Баварците се изнапромашуваа на мечот во Минхен кој го загубија со 3-2, па вечерва бркаа победа од два гола разлика до која не дојдоа.

Особено на првиот меч беше видливо отсуството на Левандовски, кое можеби беше и пресудоно за елиминацијата.

„Како што и ветивме така и беше, се боревме, дадовме се од себе. Требаше да обезбедиме подобар резултат во Минхен, тоа беше пресудно. Фрустрира фактот што не реализиравме многу шанси на тој прв меч, а и тогаш и сега се трудевме да одиграме најдобро што можеме“, вели Нојер.

„Тешко е против сиилен противник даа победиш со два гола разлика на негов терен, на крајот и заморот си го стови своето, па не бевме најконцентрирани во завршницата“.