24фудбал

Нејмар: Ја остваривме целта, го елиминиравме шампионот и одиме во полуфинале

Нејмар не го крие задоволството по пласманот во полуфиналето од Лигата на шампионите, но го избегна прашањето за неговата иднина.

Лига на Шампиони

ПСЖ загуби од Баерн Минхен, но благодарение на гол повеќе на гостински терен ќе игра во полуфиналето од ЛШ.

„Многу сум среќен. Одигравме како голем тим и го елиминиравме Европскиот шампион. Целта е остварена, повторно сме во полуфиналето“, вели Нејмар по мечот.

Во првото полувреме Нејмар успеа за кратко време двапати да ја погоди стативата и еднаш пречката. А имаше шанси и во вториот дел.

„Мојата среќа во реализацијата? Сите тие пропуштени шанси... промашив за малку, но најважно се пласиравме понатаму“.

Нејмар го одбегна прашањето за продолжување на договорот со ПСЖ иако се вели дека големи се шансите да ја продолжи соработката.

„Останунвање во Париз? ПСЖ е голем тим. Сега сме во полуфиналето и нашиот сон е голем“.