24фудбал

Пирови победи за Баерн Минхен и Порто, ПСЖ и Челси се првите полуфиналисти во ЛШ (ВИДЕО)

Баерн Минхен дојде до победа во Париз која не ги израдува, славеа со 1-0, резултат кој му одговара на ПСЖ, со ист резултат славеше и Порто над Челси.

Лига на Шампиони

Поради гол повеќе во гости, ПСЖ се пласира во полуфиналето од Лигата на шампионите, во составот на Баерн Минхен уште еднаш се виде дека недостасува Роберт Левандовски.

Баерн тргна офанзивно, но Баварците имаа проблем да ја разбијат одличната одбрана на домаќините кои беа опаснии од контра напади.

Нејмар за кратко време успеа трипати да ја погоди конструкцијата од голот на Нојер, двапати биеше во статива, еднаш во пречка.

Казната стигна брзо, на пет минути до крајот на првото полувреме Шупо Мотинг погоди за водство од 1-0.

На Баерн му требаше уште еден гол. Во второто полувреме го бараа, но речиси ниту еднаш не создадоа стопроцентна шанса иако доаѓаа до добри позиции.

На крајот по последниот судиски свиреж, ПСЖ заслужено се радуваа на пласманот во полуфиналето.


Челси со победа од 2-0 влезе во реваншот со Порто кој се играше на ист терен во Севиља.

Порто победи со гол на Тареми во 94. минута, на Португалците им фалеше уште еден погодок за да го однесат мечот во продолженија, но немаше време за тоа. Челси оди во полуфиналето.