24фудбал

Италијанската влада даде зелено светло, и во Рим за време на ЕП ќе има гледачи

Рим беше еден од градовите домаќини на ЕП кои УЕФА ги чекаше да се изјаснат дали ќе примат гледачи, одлуката на италијанската владаа е позитивна.

Италија

Министерот за спорт во Италија, Габриеле Гравина потврди дека во Рим ќе биде дозволено да се наполни 25 проценти од капацитетот на Олимпико.

Европското првенство ќе се игра од 11 јуни до 11 јули, а Рим е еден од 12 градови домаќини.

Вклучително со Рим, девет градови потврдија дека ќе имаат 25 проценти или повеќе публика на стадионите. УЕФА до 19. април чека одговори уште од Минхен, Билбао и Даблин.